• четврток, 26 декември 2024

Јавно обраќање на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева   

Јавно обраќање на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева   

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска во 11 часот ќе има јавно обраќање.  

Дамева минатата недела во изјава за јавноста рече дека имала право да остане уште осум месеци на чело институцијата.

-Со оглед дека во два наврата беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, на 26.04.2023 година и на 04.05.2023 година, сметав за потребно само да се дефинира точниот датум до кога треба да ја извршувам функцијата во траење од 2 години. За правното  прашање околу времетраењето на мандатот, иако членовите на Советот имаа свој став, сепак беа консултирани и правни експерти и еминентни стручни лица од областа на правото, па само се потврди ставот на мнозинството дека мандатот треба фактички да се извршува 2 години, рече Дамева. 

На оваа одлука реагираа повеќе политичари, судии, обвинители и адвокати според кои без разлика на сѐ, нејзиниот мандат завршува за една недела.

На собраниската седница за пратенички прашања реагираше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој рече дека Дамева сакала незаконски да си го продолжи мандатот. ев/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан